Вести Македонија Топ вести

58 отсто од младите во државата сакаат да се иселат

Државата одамна се соочува со масовно иселување, особено на младите. Во 2002 година вкупниот број на млади на возраст од 15 до 29 години изнесувал 480.828 или 24% од вкупното население. Според податоците од 2021 година, бројката за оваа категорија изнесува 326.733 или 18% од вкупниот број на населението. Во рок од 20 години, бројот на млади на возраст од 15 до 29 години е намален за речиси 150.000 граѓани, што укажува на тоа дека нашето население старее.

Според Иван Дургутов, од Либерален институт – Скопје, иселувањето на младите не се должи само на економската состојба, туку се должи на повеќе фактори.

Во новата Програма на Владата, предвидена е поддршка за секое вработено лице до 29 години кое ќе се вработи првпат, за сите кои сѐ уште не развиле вештини за вработување да го сторат тоа преку пракса, а исто така предвиден е поврат на персонален данок на доход за сите нововработени млади под 30 години. Но, останува отворено прашањето колку овие мерки ќе придонесат да останат младите во земјава.

Директорката на Либералниот институт – Скопје, Санда Крекиќ смета дека младите не се доволно вклучени во процесот на донесување на одлуки, но верува дека тие може да го подобрат општеството за идните генерации да не се соочуваат со проблемите со кои се соочува денешната младина.

Младиот делегат во Конгресот на локални и регионални авторитети на Советот на Европа, Ива Наскова, проблемот за иселувањето на младите го лоцира во недостигот на нивната вклученост и незаинтересираност за младинските политики во државата.

Неодамнешното истражување на Фондацијата за демократија на Вестминстер, во кое учествувале околу 1.000 испитаници, педесет и осум проценти од младите велат дека би се иселиле, а 64,8 проценти се незадоволни од своето место во државата.

Мартин Николовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца загинати и 8 повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Кичево

Дејан Дејан

Трамп: Мировниот договор меѓу Украина и Русија мора да се постигне „брзо“

Дејан Дејан

Хутите тврдат: Истрелавме проектили врз Израел и два американски носачи на авиони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе