Ракомет Спорт

Ракометарите пропуштија шанса за мирен реванш во Скопје

Македонската машка ракометна репрезентација на гостувањето во Чешка играше без победник 24:24, но избраниците на селекторот Кирил Лазаров пропуштија шанса за убедлив триумф и мирен реванш в недела во Скопје.

Во првиот меч од баражот за Светското првенство нашите ракометари во најголемиот дел од мечот имаат предност, целосна контрола врз играта и резултатот, но во завршницата на противникот му дозволија серија погодоци по кои успеа да се спаси од убедлив пораз.

Македонија одлично го отвори натпреварот и поведе со 5:1, токму оваа серија ни овозможи во првото полувреме да имаме константна предност која овој сегмент не беше поголема од тие четири погодоци, а на одмор се замина со водство од 13:10.

Одлично беше и отворањето и на продолжението од средбата. Направивме серија од 4:0 за предност од седум гола за водство од 17:10.

Чесите се обидуваа да ја намалат разлика, но до самата завршница не успеаа да стигнат до помала негатива од четири погодоци и во самиот финиш со четири последователни гола успеаа да стигнат со израмнување кое беше и единствено во текот на сите 60 минути и конечните 24:24.

Најефикасен во нашата репрезентација беше Филип Талески со пет погодоци, Лазаров и Георгиевски постигнаа по четири, а три пати прецизни беа Стојанче Стоилов и Филип Кузмановски.

На голот бранеше Никола Митревски кој имаше вкупно 11 интервенции.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе