Инфективната клиника во Скопје се затвора на две недели. Поради огромниот број на пациенти потребна е целосна дезинфекција на објектот, вели директорката Милена Стевановиќ.
Тројцата пациенти кои во моментов се таму ќе бидат на кратко префрлени во болницата 8-ми септември, а сите останати кои ќе имаат потреба од инфектолозите, ќе бидат пренасочени во 8-ми септември.
Стевановиќ вели дека болницата мора да биде подготвена и за евентуален нов бран.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
