Институтот за фудбалски истражувања од Швајцарија објави листа на играчи до 23 години, а дебитирале во текот на оваа сезона кои во пресрет на летниот преоден рок имаат најголема пазарна вредност.
На првите две места се двајца играчи на Лајпциг. На чело е младиот хрватски репрезентативец Јошко Гвардиол кој со 20 години е еден од клучните играчи во тимот и на пазарот е проценет на 96 милиони евра и претендира да стане еден од најскапите дефанзивци во историјата.
Далеку зад него со сума од 60 милиони е неговиот тимски колега Доминик Собослаи. Трет со 58 милиони е играчот на Барселона Гави, а на преку 50 милиони евра проценети се Нуно Мендеш од Пари Сен Жермен и играчот на Кристал Палас, Марк Гуеи.
Меѓу десетте највредни фудбалери влегуваат уште двајца играчи на Баер Леверкузен, Пјеро Инкапе и Одион Касуну како и двајца играчи од францускиот шампионат Камалден Сулејмана од Рен и Мајрон Боаду од Монако.
ФОТО: Игор Паневски
