Спорт Фудбал

Шампионот пред елиминација, Вилјареал бара нова сензација

Денеска ќе бидат познати првите полуфиналисти во фудбалската Лига на шампиони. Реал Мадрид има предност во пресрет на реваншот со Челзи додека Вилјареал на гостувањето во Минхен ја брани предноста од еден погодок.

Актуелниот европски првак Челзи е пред невозможна мисија, но избраниците на Томас Тухел сигурно нема предвреме да се предадат во обидот да ја надополнат негативата од пред седум дена и да му се реваншираат на Реал за домашниот пораз од 3:1.

Кралскиот клуб има огромна предност која му дава надеж дека по 31-ви пат во историјата ќе биде дел од полузавршницата на елитното натпреварување. Проблем за Карло Анчелоти ќе биде отсуството на клучниот дефанзвиец Едер Милитао, а на спротивната страна отсуството на Ромелу Лукаку нема да биде поголем проблем за предводникот на Челзи со оглед на фактот дека тој одамна не е во прв план, а добра вест за Тухел е враќањето на Сезар Азпиликуета кој има има негативен резултат на тестот за Ковид-19 и може да се најде во стартната постава. Вилјареал ќе се обиде да го земе скалпот на уште еден европски великан.

По елиминацијата на Јувентус, Жолтата подморница има амбиција по 16 години повторно да биде дел од последната четворка во шампионската лига. Задачата ќе биде тешка со оглед на фактот дека предноста е минимална, а Баерн има низа од четири последователни домашни победи со гол разлика 20:3 и само два порази во последниве три години и тоа од Ливерпул и Пари Сен Жермен.

Интересен е и фактот дека Баерн само четири пати во последнава деценија не успеал да се пласира во полуфиналето по пораз на гостински терен и во сите четири меча противници биле екипи од Шпанија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе