Патник во автобусот број 5 на релација Аеродром-Центар се возеше на вториот кат на автобусот и на седиштето дуваше лепило во кеса.
Репортер на Телма беше сведок на ситуацијата, а „надуваниот“ патник неколкупати викаше во автобусот по останатите патници. Откако повозрасен патник реагираше, тој престана со навредите и се повлече на задното седиште.
На крај, патникот се симна на станицата кај Олимписки базен викајќи по две патнички кои излегоа заедно со него. Инцидентот се случуваше претпладнево околу 10:30 часот.
И порано имало поплаки и пријави дека во градските автобуси се пушат цигари или не се носат маски, а најбизарниот момент е кога патничка пратила фотографија со парче измет на автобуско седиште.
Повеќе сакаме на хартија, отколку електронски- ниско ниво на дигитални вештини во Македонија
Од ЈСП велат дека во вакви ситуации треба да пријават на возачот, но дека патниците често недолично се однесуваат, па дури и уништуваат опрема во автобусот како што се случило пред неколку денови во Аеродром кога патник пред да излезе го скршил внатрешниот ретровизор.
-За жал, со оглед на тоа дека илјадници луѓе дневно го користат јавниот превоз, речиси секојдневно се соочуваме со разни недолични, несоодветни ситуации (нехигиена, уништување на јавно добро, загрозување на мир и безбедност и слично). Во вакви и слични ситуации, патниците може да реагираат/пријават кај возачот, па тој да побара интервенција од Внатрешната контрола на ЈСП Скопје, по потреба и од МВР. Во меѓувреме, на нас единствено останува да апелираме на совесно и одговорно однесување на секој корисник на јавниот превоз поединечно, ни одговорија од ЈСП.
