Преку новата дигитална услуга за електронско запишување ученици во средните училишта, учениците ќе може да се запишуваат во прва година средно образование за 2022/2023 година преку интернет. Услугата ќебиде функционална од јуни за време на уписите на средношколците.
Проектот е финансиран со пари на Велика Британија, а амбасадорката на Велика Британија Рејчел Галовеј посочи дека со новата дигитална услуга за средношколци, покрај услугата за упис во основните училишта од минатата година, се завршува проектот за електронско запишување на ученици во образованието во нашата држава.
На тој начин и училиштата и децата односно родителите, рече таа, се ослободуваат од административни обврски.
