Вести Најважни

Западот воведе санкции кон Русија

Откако украинскиот амбасасор утрово на седница на Советот за безбедност објави дека Русија ја нападнала неговата земја директно обраќајќи му се на рускиот амбасадор кој и претседава со Советот:

„Рускиот претседател објави војна, официјално. Дали треба да ви го пуштам видеото на вашиот претседатѕел? Амбасадоре дали да го направам тоа сега. Дали можете да потврдите… Како и да е објавивте војна и одговорност е на ова тело да ја спречи војната. И ве повикувам сите да ја спречите војната“, емотивно настапи Сергиј Кислитсја, амбасадор на Украина во ОН,

А апелот на генералниот секретар на Обединетите нации до рускиот претседател Владимир Путин не беше ислушан:

„Претседателе Путин запрете ги вашите трупи од напад врз Украина. Дајте му шанса на мирот. Премногу луѓе веќе загинаа“, директно му се обрати Гутереш на Путин од седницата на Советот за безбедност на ОН.

Западните сили, една по една почнаа да воведуваат санкции кон Русија.  Први санкции воведоа САД, Велика Британија, Јапонија, Канада, Норвешка, Австралија.

„Тоа беше тесно координирано со нашите сојзуници и партнери и ние ќе продолжиме да ги засилуваме санкциите доколку Русија ескалира. Воведуваме целосна блокада на две големи руски финанскисики институции: ВЕБ и воената банка“, најави Бајден.

Пакет санкции воведува и Европската унија. Извесно е дека двете руски финансиски институции ќе се најдат и на црната листа на Брисел, а Лондон пак таргетираше пет руским банки, а сите заедно, вклучително со Јапонија, ќе и го блокираат на Москва пристапот кон меѓународните кредитни пазари. Пакетот санкции од Унијата го најави претседателската на Европската комсија.

„Овој пакет вклучува финансиски санкции кон русија кои остро ќе го лимитираат пристапот на русија на пазарите на капитал. Овие санкции ќе имаат големо влијание. Руската економија во изминатите недели веќе се соочи со интензивен притисок и овoј притисок сега ќе се акумулира. Овие санкции сега ќе ја потиснат рускиот економски раст, ќе и ги зголемат долговите, ќе ја зголемат инфлацијата  и ќе го зголемат одливот на капиталот и постепено ќе ја нагризува нејзината индустриска основа“, рече Фон Дер Лајен.

Дел од санкциите на ЕУ ќе  биде и ограничувањето на пристапот за Русија кон суштински технологии што според, Европската комисија, ќе ја ослаби руската технологија во клучни области од кои најмногу пари прави руската елита.

Фон Дер Лајен испрати и порака.

„Дозволете ми да бидам многу јасна. Претседателот Путине тој кој ќе треба да им го објасни ова на своите граѓани. Јас знам дека рускиот народ не ја сакаше оваа војна“, Фо Дер Лајен.

Освне економски и финансиски санкции Европската унија на црна листа ги стави и 351 пратеник на Државната дума кои гласаа за руското признавање на украинските самопрогласени народни републики Донецк и Луганск, а ќе казни и 27 лица, ентитети и 40 компании, поради дестабилизација на Украина, водење кампањи за дезинформирање и обезбедување финансиска поддршка на двата сепаратистички региони. Список опфаќа политичари, воени лица, бизнисмени и имиња од медиумскиот сектор, на кои ќе им биде замрзнат имотот, а ќе добијат и забрана за патување, како и транзит преку ЕУ.

НАТО кое ги поздрави санкциите кон Русија, ја предупреди Русија од последиците од воената интервенција порачувајќи и дека Алијансата ќе го заштитува својот територијален простор.

„Иминатите недели сојзуниците од Северна Америка и Европа дополнително распоредија илјадници трупи во источниот дел од Алијансата, а ставија уште повеќе во состојба на подготвеност. Имаме повеќе од 100 борбени авиони подготвени да го штитат нашиот воздушен простор, а повеќе од 120 воени бродови на Алијансата  на море од крајниот север до Медитеренот. Ова се покажува дека нашата колективна одбрана, Членот 5, е цврста. Ние ќе продолжиме да правиме се што е можно да ја заштитиме Алијанста од агресија“, рече Столтенберг.

Првите луѓе на НАТО и на ЕУ денеска одржаа и итен состанок околу Украина. Тие ги осудија варварските дејствија на Русија и го поддржаа суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, но и нејзиното право на самоодбрана. Столтенберг за утре закажа и виртуелен самит на НАТО на кој ќе присуствуваат и првите луѓе на ЕУ.

Со директна порака до Путин денеска излезе и германскиот канцелар, Олаф Шолц, кој од него побара веднаш да го запре нападот врз Украина и целосно да ги повлече руските трупи од украинска територија. Германскиот канцелар руската инвазија на Украина ја нарече Путинова војна, за која нема оправдување, за која ќе се покаже дека Путин со оваа војна направил голема грешка.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе