Седум дена по продолжението од сезоната НБА објави дека од земените 343 примероци од кошаркарите нема ниту еден позитивен резултат на Ковид 19.
Медицинскиот тим потенцираше дека ова се извонредни вести, но потсети дека доколку во иднина се појави позитивен тест, играчот ќе мора да замине во изолација и ќе остане се додека нема два последователни негативни резултати.
За разлика од НБА во останатите професионални лиги во САД во деновите наназад имаше инфицирани на Ковид 19. Поради позитивни тестови се одлагаа натпревари во фудбалската и бејзбол лигата, а пред продолжението на сезоната имаше позитивни резултати и меѓу хокеарите.