Филмови

ДАЛИ СИ ТУКА? – сабота, 10 септември 2022 – 22:15

“Are You Here” (2013) САД

Сценарио и режија: Метју Вајнер.

Улоги: Овен Вилсон, Зак Галифианакис и Ејми Полер

Бен Бејкер е човек-дете кој живее на каучот на својот пријател. Неговиот пријател Стив Далас е умерено успешен презентер на временска прогноза.

Кога Бен дознава дека татко му починал, Стив го вози дома и тие повторно ќе се сретнат со успешната сестра на Бен, Тери и хипи маќеата Анџела, која е на иста возраст како нив.

Читањето на тестаментот го тера Бен да дојде до нова цел во животот, но оние околу него не покажуваат поддршка. Време е сите да се преиспитаат што постигнале во животот.

Бен (Зак Галифианакис) го минува тој пат растргнат меѓу судската борба за наследство, желбата да подучува њу-ејџ филозофија и да се справи со психолошката состојба.

Верниот другар Стив (Овен Вилсон) е тука да помогне наместо да предвидува какво време ќе биде утре, а сестрата Тери (Ејми Полер) има задача да одмогне.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СЕНКА НА ШПИОНОТ – недела, 12 мај 2024 – 22:15

Дејан Дејан

ДВОЈНА ИГРА – сабота, 11 мај 2024 – 22:15

Дејан Дејан

НЕСПОКОЕН – сабота, 11 мај 2024 – 19:15

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе