Реал Мадрид во поништената жрепка за противник ја доби Бенфика, но по реакцијата на градскиот ривал Атлетико, извлекувањето беше повторено и Кралскиот клуб за место во четврт-финалето ќе мора да се соочи со Пари Сен Жермен и стана најголем губитник во скандалот.
УЕФА за проблемот ја обвини софтверската компанија, која не реагирала навреме при извлекувањето на Манчестер Јунајтед, а во Реал тврдат дека во прашање е човечка грешка и затоа треба некој да поднесе одговорност, а не да организира нова жрепка.
Неименуван член на потесното раководството клубот од шпанската престолнина изјави дека епилогот од првото извлекување е легален и дека ќе се бара од претседателот Александар Чеферин одлуката за повторување да се поништи и да важат двојките од првата жрепка.
ФОТО: Игор Паневски