Економија Забава

Продажен салон од 1.500 квадратни метри на Нептун во Ист гејт мол

Продажниот салон на Нептун во Ист гејт мол е совршен спој на долгогодишно искуство и врвните светски практики од оваа област. Присутни се најсовремени технологии кои за првпат се сретнуваат на нашиот пазар, речиси сите водечки меѓународни брендови со најновите генерации производи, така што посетата на овој продажен салон навистина нуди едно поразлично купувачко искуство за сите потрошувачи кое треба да се доживее.

На располагање е стручен тим од 35 вработени со што ќе се олесни изборот на потрошувачите со своите совети и препораки. Работното време на продажниот салон е секој ден од 10 до 22 часот, со локација на кат -1.

26-тиот продажен салон на брендот „Нептун“ е совршен спој на долгогодишно искуство и врвните светски практики од оваа област.

Покрај широкото портфолио на присутни брендови во продажниот салон, „Нептун“ нуди и голем број дополнителни услуги кои на клиентите им овозможуваат бројни поволности, како што се happy лојалната програма, инстант кредити, дополнителни гаранции за купените производи, комфор и премиум достава, онлајн продажба, мобилна апликација за онлајн шопинг, кредитна и кешбек картичка haPPy Card.

Новиот продажен салон на „Нептун“ со површина од 1.500 метри квадратни е потврда на брендот Нептун кој во изминатите 23 години прерасна во апсолутен лидер во малопродажбата на иновативни технологии и бела техника на македонскиот пазар.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Кој ќе биде нов гувернер?

Дејан Дејан

Ако трговците се служат со трикови, Владата ќе се служи со мерки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе