Локални избори 2021 Топ вести

ДИК: Арсовска – 37,28 проценти, Шилегов – 34,96

Од 82 проценти од обработените податоци за градоначалник на Град Скопје, според податоците објавени на веб страницата на Државната изборна комисија, независната кандидатка, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска има 37,28 проценти од гласовите, а кандидатот на СДСМ Петре Шилегов – 34,96 отсто.

Потоа следи Перо Георгиевски од Левица со 8,58 процент, Арбен Шаќири од ЛДП/ДОМ – 4,04 проценти, Ана Петровска од Зелен хуман град – 3,91 проценти и Александар Тортевски од Твоја Партија – 1,07 процент.

Излезноста е 48,77 проценти.

За Совет на Скопје најмногу гласови има ВМРО-ДПМНЕ – 33,91 проценти, потоа СДСМ – 22,39, ДУИ -13,17, Левица – 8,38, АА/А – 5,63, ЛДП/ДОМ – 3,85, Зелен хуман град – 3,58, , БЕСА – 1,13 отсто, а останатите се под еден процент.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Африм Гаши останува дел од ВРЕДИ, парламентарниот спикер се огласи по шпекулациите дека и тој ја напушта коалицијата

Дејан Дејан

Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес

Дејан Дејан

Потрошувачката кошничка не смее да се крати од четиричлено на тричлено семејство – интервју со Менди Ќура

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе