Вести Култура Свет Топ вести

Почина Иван Тасовац

Доцна синоќа во својот дом почина директорот на Белградската филхармонија Иван Тасовац. На 55-годишниот Тасовац одеднаш му се слошило по што била повикана и Брза помош, докторите се обиделе да го реанимираат.

Тасовац е роден во 1966-та во Белград. дипломирал и магистрирал клавир на Конзерваториумот „Петар Илич Чајковски“ во Москва. Дебитирал на 12 години како пијанист со оркестарот на Белградската и Загрепската филхармонија. Како солист настапувал со оркестрите на Италија Швајцарија, Шпанија, Ирска, САД, Русија, Белгија и со сите од поранешните земји на СФРЈ.

Беше директор на Белгарската филхармоја од 2001-ва до 2013-та, период во кој е реконструирана зградата, обновени инструментите, оркестарот беше подмладен, ангажирани беа најквалитетните музичари кои се вратиле од школување во странство. За време на неговиот мандат, унапредена е и регионалната соработка на филхармонијата. Останаа запаметени и бројните промотивни кампањи, како онаа под слоганот „Ви благодариме што не доаѓате“, како и распишувањето тендер за избор на диригент на Филхармонијата.

Од 2013 до 2016-та беше и министер за култура, а во 2017-та владата повторно го именуваше за директор на филхармонијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор за полициски службеник кај кого биле пронајдени илјадници евра и злато – тој призна дека сторил проневера во служба

Дејан Дејан

Цените на храната во јуни највисоки во последните две години

Дејан Дејан

Раст на приходите од патарини во првото полугодие

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе