Лена и Даниел се млад брачен пар кои ќе се најдат заплеткани во воениот удар во Чиле во 1973. година. Даниел е киднапиран од тајната полиција на Пиноче, а Лена тргнува во потрага по него. Ќе го пронајде во изолиран дел од земјата, во озлогласената Колонија Дигнидад. Колонијата, под водство на Пол Шафер, се претставува како мировна мисија, а всушност секта од каде никој не успеал да побегне. Лена се приклучува на сектата за да му помогне на Даниел да побегне. Филмот е базиран на вистинити настани.
режија: Florian Gallenberger
глумци: Emma Watson, Daniel Brühl, Michael Nyqvist