Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ: Нов ребаланс и нови задолжувања

/

Економија

Сподели преку :

Опозициската СДСМ обвинува дека Владата има сериозен недостиг на средства во државната каса па затоа спроведува нов ребаланс на Буџетот, само два месеци по претходниот.

Тврдат дека буџетската дупка достигнува околу 900 милиони евра и дека недостигаат средства за покривање на плати, пензии и тековни обврски.

Според опозициската партија, Владата веќе се задолжила со нови 250 милиони евра за буџетски потреби до крајот на годината.

Опозицијата оценува дека средствата не се наменети за развојни инвестиции или отплата на стари кредити, туку за покривање на тековниот буџетски недостиг.

Во партиската реакција се критикуваат економските политики на Владата и се предупредува дека со новите задолжувања јавниот долг достигнува околу 11 милијарди евра, односно над 63 отсто од БДП заедно со обврските кон јавните претпријатија.

Оттаму порачуваат дека кредитите се обврска што се става врз грбот на граѓаните и идните генерации.

Jumbo 2