Стопанската комора предлага измена на Законот за празници и оптимизација на бројот на неработни денови, со образложение дека тоа би придонело за поголема продуктивност.
Во 2026 година се предвидени вкупно 27 неработни денови, но тие не важат за сите граѓани. За сите се заеднички 11 неработни денови, од кои шест се државни празници и пет празници на Републиката.
Дополнително, православните верници имаат уште пет неработни денови, католиците три, а муслиманите еден, додека по еден неработен ден имаат и припадниците на малцинските заедници.
Предлогот предвидува и доколку државен празник се паѓа во недела, следниот ден да остане работен а не како до сега да се добива неработен ден сред недела.













