Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Црвена линија с.7. e.13 денеска во 16:15 (30 септ. ’26)

/

Црвена линија

Сподели преку :

Дополнителната работа на лекарите останува дозволена, откако Уставниот суд ја отфрли иницијативата за нејзино ограничување. Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека моделот е неопходен за функционирањето на дел од болниците, особено надвор од Скопје. Но, останува прашањето: колку дополнителна работа е безбедна за лекарот и за пациентот? Ако лекарот веќе работел 8, 10 или повеќе часа, дали може подеднакво концентрирано да продолжи во друга установа? Кој гарантира дека заморот нема да влијае врз квалитетот на прегледот или интервенцијата?
Дополнително, се отвора и прашањето за државното и приватното работење – дали пациентот во државната установа треба да чека за термин, додека кај истиот лекар во истата здравствена установа на приватно има слободни термини?
Двајца работодавачи, еден лекар! Кој го контролира работното време и кој ја гарантира безбедноста на пациентот?
АНКЕТА: Дали треба да се ограничи дополнителната работа на лекарите во други здравствени установи? Да/Не