Економија Ковид19

Од утре почнува аплицирањето за „Ковид 4” кредитната линија

Од утре, 09:00 часот, почнува аплицирањето за бескаматен кредит од кредитната линија „Ковид 4”. Јавниот повик за оваа кредитна линија беше објавен на 7 јули 2021 година, а ќе трае 20 дена.

Како што соопшти Развојната банка, за кредит со можност за грант компонента до 50 отсто, односно 15.000 евра, може да аплицираат трговски друштва од дејноста на угостителството, транспортот, туризмот и ивент индустријата; приватни здравствени установи (ПЗУ), трговци-поединци (ТП) и занаетчии од сите дејности. Субјекти кои користеле средства од Мерка 1 од петтиот сет економски мерки за финансиска поддршка на плати за февруари и март од Управата за јавни приходи (УЈП) и субјекти кои користеле кредит од ,,Ковид 3” нема да може да користат кредит од ,,Ковид 4”. Субјекти кои користеле кредит од ,,Ковид 1” и/или ,,Ковид 2” и немаат неизмирени достасани обврски на денот на аплицирање (15 јули 2021) ќе може да користат кредит од „Ковид 4”.

Максималниот износ на кредит е 30.000 евра, додека минималниот износ на кредит е 3.000 евра, грејс-периодот е до 12 месеци, а периодот на отплата до 42 месеци.

Износот на кредит кој може да биде одобрен за субјектите зависи од падот на приходите во 2020, во однос на 2019 година: субјекти со пад на приходи од 30 до 50 проценти може да аплицираат за максимален износ на кредит кој изнесува: 15.200 денари по три месеци по број на вработени и субјекти со пад на приходи над 50 отсто може да аплицираат за максимален износ на кредит кој изнесува 22.000 денари по 3 месеци по број на вработени, информира Банката.

Потенцијалните корисници на кредит од оваа кредитна линија треба да имаат пад на приходите од најмалку 30 отстово 2020 во однос на 2019 година, како и главница и резерви не помалку од 33 проценти од износот на бараниот кредит. Прнципот за одлучување за распределба на расположливиот фонд средства ќе биде „прв дојден, прв услужен”.

Корисниците на кредит од оваа кредитна линија ќе може да побараат грант компонента до 50 отсто од износот на кредит. Субјектите кои ќе покажат раст на вработените во 2021 во однос на 2020 за најмалку пет проценти, ќе може да користат грант од 20 отсто. Субјектите кои ќе покажат раст на вкупните приходи за најмалку 10 отсто за истиот период, ќе може да користат грант од 30 проценти. Субјектите кои ќе ги зголемат и вработените и вкупните приходи, ќе може да користат грант од 50 отсто од износот на кредитот.

Поднесувањето на кредитните барања е по електронски пат на е-маил адресата [email protected].

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски најави дека до крајот на неделата ќе има јасна позиција кој ќе добие поддршка за нов гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Ангеловска-Бежоска: Макроекономската стабилност е зајакната, но потребни се структурни реформи за одржлив раст

Дејан Дејан

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе