Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МЗТ Скопје го освои деветтиот Суперкуп

/

Кошарка

Сподели преку :

МЗТ Скопје ја отвори новата сезона со трофеј, откако во драматично финале го совлада МКК Куманово со 70-68 и го освои Суперкупот на Македонија. За „аеродромци“ ова е деветти трофеј во ова натпреварување и шести по ред.

МЗТ имаше минимална предност во најголемиот дел од првото полувреме и на паузата водеше со 39-37. Куманово накратко направи пресврт во третиот период, но шампионот одговори со серија и пред последната четвртина поведе со 58-51. МЗТ потоа стигна и до двоцифрена предност, но домаќинот не се предаде и во финишот се врати во игра за трофејот. Сепак, скопскиот тим ја сочува предноста и славеше со 70-68.

Ноа Фаракан беше најефикасен кај победникот со 20 поени, Војдан Стојановски постигна 16, а Лука Стојановски 11. Кај Куманово, Бобан Стајиќ заврши со 16 поени, шест скока и шест асистенции, додека Камерон Гуден постигна 15.

Фото: Кошаркарска федерација на Македонија