Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Црвена линија с.7. e.7 денеска во 16:15 (22 септ. ’26)

/

Црвена линија

Сподели преку :

Тетовскиот грав, кочанскиот ориз, струмичката пиперка и домат, преспанското јаболко – производи по кои со години го препознаваме македонското земјоделство, денес се соочуваат со сериозни проблеми. Сè потешко се произведува, а сè понеизвесно е и дали земјоделците ќе успеат да го продадат родот по цена која ќе им ги покрие трошоците. Тетовските производители на грав се борат со сушата и недостигот на вода, кочанските оризопроизводители годинава стравуваат од ниски приноси поради плевелот, а производителите на индустриска пиперка, пак, дел од родот останал на нивите бидејќи откупните цени не ги покриваат трошоците. Производството станува сè поскапо и понеизвесно, а младите сè помалку и помалку се гледаат во земјоделството.
Дали пазарните услови полека ги бришат традиционалните македонски земјоделски производи и што треба да се направи за да се зачуваат?
АНКЕТА: Дали државата доволно ги мотивира младите за работа во земјоделството? Да/Не