Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Црвена линија с.7. e.3 денеска во 16:15 (16 септ. ’26)

/

Црвена линија

Сподели преку :

Избрзана и непромислена – вака дел од лекарската фела ги оценува најавите за намалување на периодот за боледување што матичниот лекар може да го одобри, од седум на пет дена. Според нив, времетраењето треба да го диктира дијагнозата и здравствената состојба, а не административните протоколи. Лекарите не се против контролите и спречувањето злоупотреби, но имаат забелешки за начинот на спроведување и проценката на комисиите. Но, ако лекарот препорачал движење, а во меѓувреме дојде контрола од Фондот – дали тоа значи дека се злоупотребува боледувањето? А, ако сте дома, сте земале терапија, сте заспале и не сте го слушнале ѕвончето? Како болниот да докаже дека спиел?
И ако некој навистина го злоупотребува боледување, но при контролата секогаш е дома – дали контролата воопшто ја постигнува целта?
АНКЕТА: Дали боледувањето значи дека пациентот мора постојано да биде дома? ДА / НЕ