Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мекејлеб меѓу 25-те најдобри играчи во историјата на АБА-лигата 

/

Кошарка

Сподели преку :

На гала-вечерта во Љубљана синоќа беа прогласени 25-те најдобри играчи во историјата на АБА-лигата. Меѓу избраните се најде и еден поранешен македонски репрезентативец – Лестер Бо Мекејлеб.

По повод 25-годишнината од основањето на регионалната кошаркарска лига беше спроведено гласање за избор на 25-те најдобри играчи во историјата на натпреварувањето.

Очекувано, најголем процент од гласовите, дури 94,3 отсто, доби Никола Јокиќ. Втор заврши Дејан Милојевиќ со 92,3 отсто, пред Богдан Богдановиќ, Никола Пековиќ и Дарио Шариќ. Меѓу најдобрите десетмина се најдоа и Горан Драгиќ, Никола Вучевиќ, Јан Весели, Јака Лаковиќ и Милош Теодосиќ.

Македонија има свој претставник преку поранешниот репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб, кој го зазеде 12-тото место во изборот. Американецот со македонски пасош одигра само една сезона за Партизан, но со белградскиот клуб ја освои АБА-лигата и стигна до завршниот турнир на Евролигата.

Конечните резултати беа добиени со комбинирање на гласовите од четири категории. Најголема тежина, 70 отсто, имаа гласовите на добитниците на наградата за тренер на годината, 20 отсто на поранешните МВП на лигата, додека медиумите и навивачите учествуваа со по пет отсто.