Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Патрик Виера е нов селектор на Сенегал

/

Фудбал

Сподели преку :

Патрик Виера е нов селектор на фудбалската репрезентација на Сенегал. Поранешниот капитен на Арсенал и француската репрезентација го наследува Папe Тиав, кој доби отказ по елиминацијата на Сенегал во шеснаесетфиналето на Светското првенство.

Интересно, Виера е роден токму во Дакар, главниот град на Сенегал, но на осумгодишна возраст се преселил во Франција, за која подоцна одигра повеќе од 100 натпревари и ги освои Светското првенство во 1998 и Европското првенство во 2000 година.

Педесетгодишниот стратег последно работеше во Џенова, од каде си замина во ноември минатата година. Во тренерската кариера претходно ги предводеше Њујорк Сити, Ница, Кристал Палас и Стразбур.

Неговиот прв предизвик на клупата на „Лавовите од Теранга“ се очекува да бидат квалификациските натпревари за Африканскиот куп на нации 2027 следниот месец.

Сенегалската федерација сè уште ги договара деталите околу договорот и точниот датум кога Виера ќе ја преземе функцијата.