Според наредба од исландската влада, фармерот Гунар е принуден да ја продаде својата фарма и да се пресели во главниот град. Таму се населува во едноставен стан, на ѕидот виси слика од неговиот омилен коњ, и се бори да се снајде во живот исполнет со осаменост и носталгија по домот. Но, во станот до него живее десетгодишно момче кое исто така нема многу пријатели. Она што започнува како случајни средби, наскоро се развива во неочекувано и топло пријателство.












