Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почина актерот Гоце Тодоровски

/

Култура

Сподели преку :

На 75. годишна возраст синоќа почина легендарниот театарски, филмски и телевизиски актер Гоце Тодоровски, објави неговото семејство.

Тодоровски е роден 1951 година во Кичево.

По завршување на факултетот, тој се вработил во Драмскиот театар во Скопје и веднаш се истакнал како мошне надарен и суптилен комичар.

Ќе остане запаметен по улогите во „Македонски народни приказни“, „Бушава азбука“, „Балкан бенд“, „Трст виа Скопје“, „Солунски патрдии“, „Хихирику“, „Викенд на мртовци“, „Црвениот коњ“, „Среќна нова ’49“.

Tодоровски е добитник на бројни награди. Mинатата година ја доби државната награда „23 Октомври“ во областа на културата и уметноста. Во 2023,  претседателот Стево Пендаровски го одликуваше со Орден за заслуги за исклучителен и неповторлив придонес во развојот, популаризацијата и афирмацијата на театарската уметност.

Jumbo 2