Спорт Фудбал

Вардар со комбиниран состав сигурно против Брегалница

Вардар славеше со 2-0 против повратникот во елитата Брегалница во првото коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Шампионот денеска на арената „Тодор Проески“ настапи во комбиниран состав, но немаше проблеми да ги освои првите три бода.

Димитар Данев им донесе водство на „црвено-црните“ во 27. минута, додека Горан Закариќ ги постави конечните 2-0 во 81. минута.

Тренерот Кристијан Фабијани одмори дел од стандардните првотимци за реваншот против Рига на гостувањето во Летонија, во рамките на второто квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА. Во првиот натпревар, одигран во средата, Вардар загуби со 2-3 пред своите гледачи.

Струга денеска беше убедлива против дебитантот Шкендија Арачиново и славеше со 3-0. Вчера Тиквеш со 5-1 го декласира Арсими, а првото коло ќе се комплетира утре со уште два натпревари.

Во Кратово, Силекс го пречекува Башкими со почеток во 17 часот, а два часа подоцна ќе почне дуелот меѓу Шкендија и Скопје, кој ќе се одигра во комплексот на Фудбалската федерација на Македонија.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Синер и Ѓоковиќ се повлекоа од мастерсот во Канада

Sportska Redakcija

Ламин Јамал откри што му кажал Меси по финалето: Неговоте зборови вредат колку медaлот на моите гради

Kristina Kuzmanovski

(Фото) Шампионите ги пречекаа во Мадрид

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе