Uncategorized Вести Македонија

СДСМ: Орбановите автобуси победија на тендерот во Скопје

Опозициската СДСМ реагира на изборот на унгарската компанија  „Икарус“  на тендерот за електрични автобуси во Скопје.

Од партијата велат дека во споредба со претходниот тендер, компанијата сега понудила повисока цена за околу 8.000 евра по парче во споредба со претходниот тендер. Наведуваат и дека сопственик на фиимата е подржувач на поранешниот унгарски премиер Орбан.

„Зад „Икарус“ стои Габор Селеш – долгогодишен и отворен поддржувач на Виктор Орбан.Јавно го фалеше Орбан, и ги финансираше и организираше про-орбановите маршеви, а политички е близок со Фидес уште од 2000-дите. Фирмата е дел од пошироката мрежа на бизнисмени блиски до Орбан. Ова е класичен модел на соработката Орбан–Мицкоски“, пишува во партиското соопштени.

Според СДСМ, додека во Унгарија новиот премиер Петер Маѓар отвора истраги за кредитот од милијарда евра и за орбановите зделки, кај нас истиот круг продолжува да лапа тендери.

„Поскапи автобуси за граѓаните, а истите врски остануваат недопрени. Мицкоски по истиот принцип го воведе и орбановиот 4iG како мобилен оператор во Македонија. Задачата на 4iG не беше само бизнис – туку да обезбеди инфраструктурна и технолошка поддршка на орбаново-вмровската медиумска мрежа, која контролира околу 40% од медиумскиот простор во земјата. Автобуси, кредити, медиуми, телекомуникации – се е дел од истата шема“, велат од опозициската партија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со обележани 2000 евра, кавадарчанец е уапсен за измама

Sonja Petrusevska

Немал дозвола, возел под дејство на алкохол и излетал од пат кај Кочани – лишено од слобода 24-годишно момче

Sasko Dimovski

Охрид останува надвор од Листата светски наследства во опасност – УНЕСКО даде рок од пет години за спроведување на препораките

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе