Синдикалната минимална кошница за месец јули изнесува 68.498 денари или над 1.100 евра, покажуваат пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).
Споредено со истиот месец лани, месечните трошоци за четиричлено семејство пораснале за 50 евра. Најголем дел од месечните трошоци одат за храна и пијалоци, за што на домаќинството му се потребни над 25.000 денари.
Овие пресметки за синдикална минимална кошница се однесуваат за задоволување на основните потреби на четиричлено семејство кое живее во сопствен дом и не поседува автомобил. Но, ако станува збор за семејство кое што живее под кирија, тогаш трошоците во просек се зголемуваат за уште 350 евра, со што месечната кошничка достигнува речиси 84.000 денари или 1.360 евра.
