Шпанија се пласираше во финалето на Светското првенство во 2026 година, откако во полуфиналето ја совлада Франција со 2-0 во Арлингтон, Тексас.
Микел Ојаразабал го отвори резултатот од пенал во 22. минута, откако Лукас Дињ го фаулираше Ламин Јамал во шеснаесетникот. Конечните 2-0 ги постави Педро Поро во 58. минута, по одлична комбинација со Дани Олмо.
За Шпанија ова е трета последователна победа над Франција во полуфинален дуел. „Црвената фурија“ славеше со 5-4 во Лигата на нации во 2025 година, а беше подобра и со 2-1 во полуфиналето на Европското првенство во 2024 година.
Шпанците изборија второ финале на светските првенства. Во првото, во 2010 година, ја освоија светската титула. Противникот ќе биде познат утре по полуфиналниот дуел меѓу Аргентина и Англија.
