Спорт Фудбал

Вардар во Финска брка европско чудо и пресврт против КуПС

Вардар вечерва го игра реваншот против финскиот првак КуПС во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ во Куопио патуваат со негатива од 0-2 од првиот натпревар во Скопје, но се надеваат дека ќе успеат да приредат голем пресврт.

Вардар вечерва има тешка мисија во Финска. Македонскиот шампион треба да ја надомести негативата од два гола против КуПС, кој во Скопје славеше со 2-0 со головите на Брахима Магаса во финишот на првото полувреме и Боб Нии Арма во 49-тата минута.

За продолженија на Вардар му е потребна победа со два гола разлика, додека триумф со три или повеќе голови разлика носи директен пласман во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите. КуПС, пак, со предноста од првиот натпревар е голем фаворит за пласман понатаму пред својата публика.

Победникот од двомечот во второто квалификациско коло ќе игра против подобриот од пресметката меѓу Сабах и ТНС. Поразениот ќе го продолжи европскиот пат во второто коло од квалификациите за Конференциската лига.

Реваншот меѓу КуПС и Вардар се игра вечерва од 17 часот по македонско време на „Варе арена“ во Куопио.

*Фотографијата е изработена со помош на вештачка интелегенција,

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Реприза на полуфиналето од ЕП, но со поголем влог – финале на Светското првенство 2026

Sportska Redakcija

Македонија со победа стартуваше на Европското првенство У-20 Б-дивизија

Sportska Redakcija

Ѓоковиќ немоќен пред Синер: Италијанецот против Зверев во финалето на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе