Кошарка Спорт

Македонија со победа стартуваше на Европското првенство У-20 Б-дивизија

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 20 години стартуваше со победа против домаќинот Словачка на Европското првенство Б-дивизија. Утре нашиот тим ќе атакува на уште еден триумф, против селекцијата на Република Ирска.

Македонија доминираше во најголем дел од натпреварот, со исклучок на првата четвртина, која ја загуби со 15-17. На полувремето нашите кошаркари веќе имаа двоцифрена предност од 13 поени, односно 41-28.

Во третиот период Македонија стигна и до највисоки +23, но Словачка успеа да ја намали негативата. Сепак, нашите надежи не дозволија сензационален пресврт и со сигурна игра дојдоа до победа од 71-63.

Коста Ќириловски со 15 поени беше најефикасен во македонскиот состав. Марко Луканоски реализираше 11 поени и додаде 9 скока, а двоцифрен беше и Давид Петрушевски со 10 поени.

Утре Македонија во рамки на второто коло во групата А, од 13:30 часот, ќе ги одмери силите со селекцијата на Ирска.

ФОТО: ФИБА

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ немоќен пред Синер: Италијанецот против Зверев во финалето на Вимблдон

Sportska Redakcija

Мбапе и Дембеле го скршија Мароко, Франција моќно до полуфиналето на СП

Sportska Redakcija

Вардар надигран од Купс на враќањето во Лигата на шампиони

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе