Спорт Фудбал

Вардар надигран од Купс на враќањето во Лигата на шампиони

Вардар загуби со 0-2 од Купс на првиот натпревар од првото квалификациско коло во Лигата на шампиони на УЕФА. Финскиот тим во Скопје стекна голема предност пред реваншот следната недела на домашен терен и е на чекор до пласман во второто коло.

Брахима Магаса ја најави победата на гостите во финишот на првото полувреме, кога погоди во 45-тата минута. На самиот старт од вториот дел, Купс зголеми на 0-2 преку Боб Армах, кој реализираше во 49-тата минута по лошата интервенција на одбраната на „црвено-црните“.

Работите за македонскиот првак дополнително се влошија во 74-тата минута, кога Немања Босанчиќ беше исклучен. Тој само десет минути по влегувањето во игра заработи два жолти картони и мораше предвреме да го напушти теренот.

Реваншот се игра следниот вторник во Финска. Доколку Вардар биде елиминиран од Лигата на шампиони, европската сезона ќе ја продолжи во второто квалификациско коло од Конференциската лига.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Епски пресврт на Аргентина против Египет: Од 0-2 до четвртфинале на СП 2026 (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Кошаркарите ги дознаа можните противници во втората фаза од претквалификациите

Sportska Redakcija

МЗТ Скопје се враќа во Европа

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе