Uncategorized Вести Македонија

Велешанка со нож го прободела вонбрачниот сопруг по семејно насилство

Полицијата во Велес ја уапси 30-годишната Т.Д. од Велес, затоа што во домот со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот 37-годишен вонбрачен сопруг.

Повредениот бил пренесен во Општата болница во Велес за укажување лекарска помош, а Т.Д. била приведена и задржана во полициска станица.

Од страна на полициски службеници предметот бил пронајден и одземен, известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот, против Т.Д. ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „обид за убиство при семејно насилство“, казниво по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Инфлацијата во јуни со пад од 0,5% споредено со мај – годишно повисока за 3,4 отсто

Tea Dimkovska

Судиите поротници денес на мирен протест откако со години никој не презема мерки за нивните ниски надоместоци

Tea Dimkovska

ВМРО-ДПМНЕ: Студенти ќе можат да одат на пракса во општините во текот на летниот период

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе