Вести Македонија Најважни

МВР без одговор дали има кривична пријава за избоденото момче во Ченто

Единаесет дена откако 14-годишно момче било избодено во скопската населба Ченто полицијата не дава одговор дали е поднесена кривична пријава. Откако во јавноста се дозна за случајот вчера излегоа само со штури информации. Три лица биле лишени од слобода и со нив е извршен разговор. Без конкретен датум кога биле уапсени  тројцата со иницијали Ј.Ј., В.А. и В.С., а не ја наведоа ниту нивната возраст. Дали тоа е направено веднаш после нападот и сега се на слобода или подоцна завршиле во станица. Зошто и после толку денови од бруталниот напад се уште нема кривична пријава и дали овие три лица се осомничени и за нив ќе се бараат некакви мерки со цел расчистување на случајот.

Малолетникот на 22 јуни добил повик од другарите да се најдат во парк, но таму бил начекан од насилниците кои го претепале и седум пати го прободеле со нож. Останал да лежи крвав, а неговата мајка Џељана Селими веќе изјави за Телма дека не знае што е мотивот за нападот. Таа изрази сомнеж дека институциите сакаат да го заташкаат случајот, а сторителите треба да одговараат за обид за убиство.

„Детето не се чувствува безбедноно после тој инцидент, а ниту пак јас. Денеска е мое дете, а утре ќе биде некое друго дете. Не треба да се остави овој случај вака. Надлежните органи треба да го истераат случајот до крај. Овој случај дефинитивно не треба да се води како насилство, туку ова е обид за убиство“, додава Џењана Селими, мајка на жртвата. 

На прашање на Телма дали добиле записник од полицијата што конкретно се случувало таа трагична вечер, негативно одговори. Од МВР не ни доставија одговор ниту на ова прашање. Од обвинителството пак на новинарски прашања дали до нивната адреса е пристигната пријава, соопштија дека ќе проверат, но до почетокот на вестите исто така не споделија информации.

Maрија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Крави и коњи цела недела шетаат по градските улици во Тетово – никој не знае чии се

Sonja Petrusevska

Започна да тече рокот за поднесување приговори за резултатите од државната матура

Tea Dimkovska

Меѓународната организација на трудот отвори предмет за правата на вработените во институциите од културата во Македонија по упатена жалба од СКРМ

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе