Вести Македонија Најважни

Изборниот законик доби дополнителен грејс период да биде донесен

Земјата неофицијано доби дополнителни десетина дена, до 15 јули да го донесен Изборниот законик, рок до кога треба да го поднесе извештајот до Европската комисија за спроведените реформи на кои грејс периодот им истече на 30 јуни. Амбасадорот на ЕУ во земјава, Михалис Рокс, рече дека поголемиот дел од работата на реформите на кои им истече грејс периодот е завршен и дека резултатите ќе бидат извонредни. Тој очекува да бидат спроведени деве или девет и половина од десетте чекори, иако, како што рече, конечната оцена ќе ја даде Европската комисија во септември.

„Изборниот закон, како што знаете, се уште има дискусии со политичките партии и кои што се одвиваат во моментов. Потребно е да се постигне консензус. Законот сам по себе е добар закон. ОДИХР и Европската комисија дадоа позитивна проценка, но она што преостана во моментов се модалитетите. Јас разбирам дека има несогласување, кога станува збор за овие модалитети, но чуствувам дека има добра волја тоа да се надмине“, рече Рокас.

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека девет од десетте заостанати обврски од лани се завршени, меѓу кои и либерализација на пазарот на електрична енергија, како и носењето на законите за приватизација на претпријатијата во државна сопственост и регистарот на трговски друштва, но оти последниот чекор, Изборниот законик, зависи од опозицијата.

„Јас би сакал да бидеме 10 од 10, имаме време до кај 15 јули отрпилика, некоја недела иамаме плус да седнеме. Еве подготвени сме да уште еднаш да се обидеме начин како да го надмине ова коешто денеска го прави, преку своето неодговорно однесување, опозицијата“, рече Мицкоски.

И Рокас и Мицкоски и за другите чекори од реформската агенда рекоа дека добро се движат. Од 51 тековен реформски чекор, Рокас вели дека во сите има напредок и дека гледа забрзување, додека Мицкоски е задоволен што од 51 реформа за кои биле предвидени 277 милиони евра, земјава до крајот на јуни завршила околу 19 за што треба да добие 100 милиони евра. Тој се надева Европската комисија ќе ги реализира информациите кои стигаат од Брисел за распределба на непотрошените средства од Планот за раст од три држави, на други три, меѓу кои и Македонија, за кои веќе се прават приоритети за користење.

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче пак денеска му се заблагодари на евроамбасадорот Рокас што е вклучен во целиот процес околу Изборниот закон, што според него е добро, додека власта ја обвини дека е антиевропска.

„Вклученоста на евроамбасадорот Рокас, што мислам дека е добро. И  му благодарам што се бори за доброто на земјата. Жално е што имаме власт која е практично целосно антиевропска. Не можат да се фалат со добиени 50 милиони евра од реформската агенда, кога не е отворено ниту едно поглавје. Вистиските пари кои што доаѓаат од ЕУ, еве видовме, ги најавија за Црна Гора – 3,2 милијарди евра. Е тоа е вистиски успех“, рече Филипче.

Филипче за Изборниот законик рече дека СДСМ јасно ги образложиле свите позиции, наведувајќи дека тие не се согласуваат со различен начин на гласање за дијапората и за макеоднските граѓани кои живеат во земјата.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожари беснеат во Штип и Пробиштип – се гасне и од земја и од воздух

Tea Dimkovska

ДУИ: Назначувањето на Стоиљковиќ е закана за Охридскиот рамковен договор

Tea Dimkovska

Над 50.000 книги уништени во поплавата во магацинот на “Антолог“

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе