Стив Кларк повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Шкотска. Тој поднесе оставка по елиминацијата на националниот тим од Светското првенство 2026 година, иако пред само еден месец потпиша нов четиригодишен договор со федерацијата.
Шкотланѓаните настапот на Мундијалот го завршија уште по групната фаза. Завршија на третото место во групата Ц, зад Бразил и Мароко, но не успеаја да се најдат меѓу најдобрите осум третопласирани селекции што обезбедија место во нокаут-фазата.
Кларк ја водеше Шкотска седум години и ќе остане запаметен како селекторот што ја врати репрезентацијата на Светско првенство првпат по 1998 година. Под негово водство Шкотска настапи и на европските првенства во 2021 и 2024 година.
