Венко Филипче повторно покажа дека кога треба да избере помеѓу македонската или антимакедонската политика, тој секогаш ја избира антимакедонската. Филипче не најде за потребно да упати ниту најмала критика кон официјална Софија, иако Бугарија направи дипломатски преседан со објавување документ што содржи чувствителни информации поврзани со безбедноста на претседателот Мицкоски и неговото семејство, врлат од ВМРО – ДПМНЕ.
- За човек кој секојдневно зборува за европски вредности, денес нема ниту збор за прекршувањето на основните дипломатски правила. Кога треба да се критикуваат бугарските власти, Филипче исчезнува од јавноста, рече Миле Лефков од ВМРО – ДПМНЕ.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
