Шестата тенисерка на светот и ланска финалистка, Аманда Анисимова од САД ќе биде ривалка на најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа во првото коло на Вимблдон. Ова е епилог по денешната ждрепка за главниот турнир на лондонскиот грендслем.
Анисимова во финалето лани загуби од Полјачката Ига Свјотек, а играше и финале и на Ју-Ес опен, каде, исто така, беше поразена од Арина Сабаленка. Анисимова во кариерата има четири ВТА титули.
Ѓорческа, пак, до дебитантскиот настап на грендслем турнир се проби низ три квалификациски рунди на лондонската трева. Во првото коло ја елиминира Шпанката Анхела Фита Болуда со 6:2, 6:4, во второ, со пресврт, ја совлада Франсиска Жорге од Португалија со 5:7, 6:2, 6:1, а во третото беше убедлива над Италијанката Лусија Бронзети со 6:1, 6:2.
С.Д.
Фото: mtftennis.mk
