Uncategorized Вести Македонија Најважни

ЕП го усвои извештајот на Вајц со барањето за историската комисија

Европскиот парламент го усвои извештајот за Македонија на известувачот, европратеникот Томас Вајц, во кој влезе барањето за работата на историската комисија меѓу Бугарија и Македонија. Вајц со дополнителен амандма 3 побара да се отфрли овој дел од текстот, но не го помина гласањето од европратениците.

Работата на историската комисија беше дел од компромисниот амандман 31а усвоен од страна на Комитетот за надворешни работи на европскиот парламент пред две недели.

ТЕЛОП; Компромисен амандман 31а

„…Ги повикува сите страни да ја продолжат работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања на Бугарија и Северна Македонија и да ја извршуваат својата работа со добра намера, со што ќе ги зближат општествата“, стои во амандманот.

Во финалната верзија на документот влезе и барањето за уставни измени со охрабрување Македонија да ги вклучи сите свои етнички заедници во уставот, да поттикне инклузивност, да ја заштити различноста, да се бори против дискриминацијата и да ја зајакне социјалната кохезија во согласност со европските вредности и демократските принципи и целосно да гарантира еднакви права и можности за сите.

Извештајот за Македонија кој беше изгласан во 411 гласа „за“, со 120 гласа „против “ и исто толку „воздражани“, ја нагласува и важноста од спроведување на меѓународните договори со добра волја, како што договорите со Грција и со Бугарија.

Со Извештајот се реферира на реформскиот процес, но и на борбата против корупцијата, при што со загриженост се забележува дека не е постигнат напредок во спречувањето и борбата против корупцијата и дека корупцијата останува распространета во многу области. Особено повикува на истраги и конечни пресуди во случаи на корупција на високо ниво.

Документот бара и дополнително јакнење на парламентарниот надзор врз извршната власт, забележува дека сеопфатната изборна реформа е сè уште задоцнета; повикува на поголема транспарентност во однос на финансирањето на политичките партии и политичкото рекламирање, а се изразува загриженост за кампањите за дезинформации кои ги доведуваат во прашање демократските вредности и целта на земјата за членство во ЕУ.

Тамара Грнчаровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Падна фасада од зграда во Карпош, оштетени 3 возила

Дејан Дејан

Формирале медиумски канал на интернет и поттикнувале создавање на терористичка група – кривична пријава против пет лица од Скопје

Sasko Dimovski

(Видео) Европа ја лансира Аријана 6 во вселената

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе