Спорт Фудбал

Официјално: Рубен Аморим е нов тренер на Милан

Рубен Аморим и официјално е нов тренер на Милан, потврди денеска италијанскиот гигант. Португалецот потпиша двегодишен договор со можност истиот да биде продолжен на уште една сезона. Го наследува Масимилијано Алегри на клупата, кој минатата сезона финишираше на 5.место во Серија А и веднаш доби отказ како и тројца челници на тимот.

Аморим доаѓа на „Сан Сиро“ по кратката и турбулентна авантура во Манчестер јунајтед, каде не успеа да ги исполни големите очекувања. Аморим го презеде англискиот клуб во ноември 2024 година како наследник на Ерик тен Хаг, но неговиот мандат заврши по 14 месеци поради слабите резултати и нестабилните настапи на тимот.

Под негово водство, Манчестер јунајтед во сезоната 2024/25 играше финале во Лигата на Европа, но во Премиерлигата имаше разочарувачка кампања и остана без пласман во европските купови. Аморим беше разрешен во јануари годинава, а сега добива нов голем предизвик во Серија А.

Милан во официјалното соопштение го претстави Аморим како млад, амбициозен и модерен тренер со јасен тактички идентитет. Од клубот истакнаа дека долго време ја следеле неговата работа, особено успешниот период во Спортинг Лисабон.

Токму во Спортинг, Аморим го изгради своето тренерско име. Со португалскиот клуб освои две шампионски титули, два Лига купа и еден Суперкуп, а беше познат по офанзивниот стил на игра, високиот пресинг и развојот на млади фудбалери.

Аморим сега ќе има задача да го врати Милан во борбата за врвот во Италија и да го стабилизира тимот по променливата сезона.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Серена и Венус Вилијамс добија вајлд-карта за Вимблдон

Sportska Redakcija

Проблем за Тухел пред стартот на Мундијалот: Ливраменто отпадна од составот на Англија

Sportska Redakcija

Дарио Шариќ се врати во Анадолу Ефес по една деценија во НБА

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе