Реал Мадрид го договори трансферот на Марк Кукурелја од Челси. Шпанскиот репрезентативец треба да го засили тимот на Жозе Мурињо, а „кралевите“ за неговиот потпис ќе платат обештетување од 60 милиони евра.
Кукурелја четири сезони го носеше дресот на Челси, а претходно настапуваше и за Брајтон, Хетафе, Барселона и Еибар. Тој треба да биде едно од првите засилувања на Реал Мадрид по враќањето на Мурињо на клупата на шпанскиот гигант.
„Кралевите“ летово најавуваат сериозна реконструкција на тимот. Засега неофицијално, клубот го договори и потписот на дефанзивецот Ибрахима Конате, кој си замина од Ливерпул како слободен агент.
Блиску до „Сантијаго Бернабеу“ е и Дензел Дамфрис од Интер, за кого Реал Мадрид треба да ја активира откупната клаузула.
