Светска банка прогнозира дека светската економија во 2026 година ќе забележи раст од само 2,5 отсто, што е најслаб резултат од периодот на пандемијата на Ковид-19.
Институцијата ја намали својата претходна прогноза поради последиците од конфликтот со Иран, зголемената инфлација и растот на цените на енергенсите.
Според извештајот, нарушувањата во поморскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец довеле до поскапување на нафтата и дополнителен притисок врз глобалната економија.
Заменик-главниот економист на Светската банка, Ајхан Косе, оцени дека светот се соочува со уште еден сериозен економски шок по шест години последователни кризи.
Најтешко погодени ќе бидат сиромашните и ранливи земји.
Светската банка предупредува дека до крајот на 2026 година околу една четвртина од земјите во развој и една третина од најсиромашните држави ќе бидат посиромашни отколку во 2019 година.
Институцијата најави итна финансиска поддршка од 60 милијарди долари, со можност таа да достигне 100 милијарди долари доколку кризата продолжи во наредните 15 месеци.
