Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата е блиску до одлука самостојно да го реализира проектот Чебрен и Галиште, без вклучување на приватен партнер.
Конечната одлука, како што посочи, ќе биде донесена по разговорите со раководството на ЕСМ… Според Мицкоски, проектот има стратешко значење за државата и регионот, бидејќи ќе овозможи изградба на два големи резервоари за питка вода, како и подобрување на условите за наводнување на Тиквешкото поле.
Проценките се дека реализацијата на проектот би чинела околу 1,5 милијарди евра заедно со каматите.
Инаку, проектот за изградба на хидроцентрала на Црна Река е стар повеќе од 30 години и досега не беше реализиран од ниту една влада.
