Спорт Фудбал

Димитриевски награден со нов договор за одличните настапи за Валенсија

Македонскиот фудбалски репрезентативец Столе Димитриевски го продолжи договорот со Валенсија на уште две години. Голманот имаше одлична полусезона во Ла Лига и му помогна на тимот да избори сигурен опстанок и да финишира во горниот дел од табелата.

Валенсија ја искористи опцијата да го продолжи договорот на Димитриевски до јуни 2028 година, откако Македонецот импресионираше на голот во изминатите пет месеци. На стартот од сезоната нашиот репрезентативец не беше прва опција меѓу стативите и беше резерва зад Хулен Агирезабала.

Првиот старт во Ла Лига го имаше во јануари годинава, во рамки на 19-тото коло, а потоа Валенсија за неколку месеци од кандидат за испаѓање стигна до сигурен опстанок и заврши на одличното деветто место на табелата.

Во вториот дел од сезоната Димитриевски зачува чиста мрежа на пет натпревари, на кои Валенсија оствари важни победи. Тој потпиша за тимот од „Месталја“ во летото 2024 година како слободен агент, откако му истече договорот со Рајо Валјекано.

Димитриевски во кариерата има одиграно 151 натпревар во Ла Лига.

Фото: Валенсија

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ламин Јамал откри што му кажал Меси по финалето: Неговоте зборови вредат колку медaлот на моите гради

Kristina Kuzmanovski

(Фото) Шампионите ги пречекаа во Мадрид

Kristina Kuzmanovski

ФИФА со дисциплинска постапка против Аргентина за инцидентите во финалето

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе