Кошарка Спорт

Почина легендарниот кошаркарски коментатор Един Авдиќ

Денеска, 3 јуни, ненадејно почина еден од најдобрите спортски коментатори на Балканот, Един Авдиќ, во 47. година од животот.

Авдиќ беше еден од најпрепознатливите гласови на малите екрани, бидејќи со неверојатна пасија, енергија и знаење ги пренесуваше натпреварите од кошаркарските терени.

Роден е на 19 јуни 1979 година во Сараево, Босна и Херцеговина. Ги мина сите младински категории на кошаркарскиот клуб Босна, но никогаш не стана професионален кошаркар.

Дипломирал новинарство на Факултетот за политички науки во Сараево. Во својата новинарска кариера работеше во Федерална телевизија и ОБН, а најголемата регионална препознатливост ја стекна на Арена Спорт, каде долги години ги коментираше најголемите кошаркарски натпревари.

Во последните месеци имаше свој поткаст, во кој му гостуваа големи кошаркарски имиња од Балканот и пошироко.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Шампионите ги пречекаа во Мадрид

Kristina Kuzmanovski

ФИФА со дисциплинска постапка против Аргентина за инцидентите во финалето

Kristina Kuzmanovski

Навивачите со камења и пиротехника, полицијата со солзавец, шок-бомби и водени топови – нереди во Буенос Аирес по поразот на Аргентина во финалето на СП

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе