Воведување дополнителни царини од 10 или 12,5 проценти за увозот од 60 земји, вклучувајќи ја и ЕУ, со цел, ќе воведе аминистрацијата на САД за како што велат, да се ограничи трговијата со принудна работа, што ѝ штети на американската трговија.
Предлогот на Канцеларијата на американскиот трговски претставник е дел од најновата истрага за нефер трговски практики, според Член 301, која беше објавена во моментот кога администрацијата на Трамп се обидува да ги врати своите вонредни царини, кои беа укинати во февруари од страна на Врховниот суд на САД, пишуваат британските медиуми.
USTR објави дека одлучила да воведе царина од 10 отсто за увоз од Канада, Еквадор, Европската Унија, Индонезија, Мексико, Пакистан, Аргентина, Бангладеш, Камбоџа, Салвадор, Гватемала, Индонезија, Малезија, Тајван и Велика Британија.
Агенцијата објави дека ќе воведе дополнителни царини од 12,5 проценти за преостанатите 45 земји што ги истражува.
Британските медиуми пренесуваат дека објавата на USTR доаѓа во пресрет на 24 јули и истекот на привремената царина од 10 отсто воведена од администрацијата на Трамп на 20 февруари, кога Врховниот суд ја поништи царината на американскиот претседател според Законот за меѓународни вонредни економски овластувања.
