Uncategorized Вести Економија Македонија

Владината кошничка која ќе биде просечна, а не минимална е готова

Власта по неколку месеци, ја изготви својата потрошувачка кошничка откако ја оспорија онаа на Синдикатот.

Кошничката сега е пред Економско-социјалниот совет (ЕСС), кој треба да даде оценка. Заменик министерод за економија Ристески рече дека потрошувачката кошничка не е пандан на синдикалната и е изработена врз база на податоци не само од Државниот завод за статистика туку и од маркети, пазари.

Потрошувачката кошничка не е некој пандан на синдикалната минимална кошничка, едноставно ќе биде врз база на релевантни показатели, не само од Државниот завод за статистика, туку и од сите други институции во државата – од маркетите, пазарите,… Ќе ни биде потребна кога имаме економски кризи или одредени економски политики, да ни дава насоки во креирање нови законски решенија, економски стратегии, одлуки, рече заменик министерот за економија Марјан Ристески..

Ристески не кажа што ќе содржи кошничката но претходно од Владата најавија дека ќе бидат земени предвид  параметри од најголемите маркети во Македонија, „за се она што е потребно за еден просечен живот, за едно просечно македонско семејство“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) 8 убиени и 62 повредени лица во украински напади на два магацини на најголемата руска компанија за онлајн трговија

Igor Trajkov

Почина Нури Бајрами, поранешен член на Антикорупциската комисија

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ: Инвестирани над 70 милиони евра во образовна инфраструктура и обезбедени повисоки плати за наставниците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе