Кошарка Спорт

МЗТ на чекор до 13-тата титула по новиот триумф против Маџари

МЗТ Скопје го дели само една победа до нова шампионска титула во домашното кошаркарско првенство, откако максимално го искористи домашниот паркет и поведе против Маџари со 2-0 во финалната серија.

МЗТ Скопје доминираше три четвртини, но Маџари одигра феноменални последни 10 минути и го направи финишот многу интересен. По првото полувреме, актуелниот шампион водеше со 47-31, а претходно имаше и највисоки 18 поени разлика.

Во третиот период МЗТ ја задржа двоцифрената предност, но Маџари покажа дека не е случајно во финалето. Во четвртата четвртина гостите сериозно се заканија и се доближија на негатива од само три поени. Сепак, актуелниот шампион не дозволи голем пресврт и стигна до победа од 81-76.

Смит беше најефикасен во редовите на МЗТ со 19 поени, додека Војдан Стојановски имаше 18. Луис го предводеше Маџари со 25 поени, а Армстронг додаде 17.

Третиот натпревар од финалето се игра на теренот на Маџари в недела. МЗТ со победа ќе ја освои 13-тата шампионска титула.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Шампионите ги пречекаа во Мадрид

Kristina Kuzmanovski

ФИФА со дисциплинска постапка против Аргентина за инцидентите во финалето

Kristina Kuzmanovski

Навивачите со камења и пиротехника, полицијата со солзавец, шок-бомби и водени топови – нереди во Буенос Аирес по поразот на Аргентина во финалето на СП

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе