Еден ден, уличното куче Самсон, обидувајќи се да им избега на шинтерите, случајно завршува во Метрополитен операта. Таму ја запознава шармантната Марго – миленичката на Анастасија, примабалерината на театарот.
Заплетот станува уште поинтересен кога од гардеробата е украдена уникатната тијара што ѝ припаѓала на кралицата на Велика Британија, а која Анастасија треба да ја носи во четвртиот чин од балетот. Без тијарата, претставата не може да продолжи и мора да биде откажана. Сега Марго и Самсон мора да го пронајдат крадецот, да ја вратат тијарата и да го спасат денот, во ритамот на музиката од големиот Georges Bizet.
